ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ
https://diogentex.mk
Последна промена: 15 Март 2024
Оваа политика за приватност дава општи информации за обработката на лични податоци кога ја посетувате нашата интернет страна и/или користите некоја од нашите административни услуги преку истата. Ги собираме само оние лични податоци кои се неопходни да ги оствариме нашите законски задачи и овластувања.
Правото на приватност и заштитата на личните податоци на клиентите претставува врвен приоритет на ДИОГЕНТЕКС и ДИОГЕН КО ДООЕЛ.
ДИОГЕНТЕКС и ДИОГЕН КО ДООЕЛ посветува особено внимание на заштитата на личните податоци во секој сегмент на деловните процеси преку имплементација на стандардите утврдени со законските и подзаконските прописи за заштита на личните податоци во Република Северна Македонија и стандардите кои се утврдени во рамките на Групацијата.
Кои информации ги собираме?
При посета на интернет страната, ДИОГЕНТЕКС ги обработува Вашите лични податоци (лични податоци за идентификација и информации за контакт), само доколку доброволно ги дадете преку регистрирање на нашата интернет страна, заради користење на нашите услуги, информирање за состојбата во врска со вашиот статус на нарачка информации.
Цели за кои се користат собраните лични податоци
– Да ја обезбедиме бараната услуга, при што се идентификува корисникот;
– Да обезбедиме известување за промена на условите и тарифите, воведување на нов вид продукти за клиентите;
– Да се обезбеди мислење од клиентите во врска со видовите на услуги кои ги нуди Друштвото и евентуално за спроведување на анкети, преку поставени прашања до клиентите;
– Да се олеснат и проследат пребарувањата на клиентите и барањата за информации при јавување од страна на клиентите во врска со видовите на услуги;
– Реализација на наградни игри и други промотивни понуди;
– Да се разгледа можноста за евентуални вработувања доколку клиентите се обратат или аплицираат за работа преку веб-страницата на Друштвото;
– Помош при појава на проблем при користењето на производите и услугите;
– Прикажување на персонализирани содржини и промотивни материјали (реклами) соодветно на интересите на клиентите, врз основа на нивна изречна согласност.
Чии податоци собираме
Можеме да собираме податоци поврзани со следниве категории на лица:
– Посетители на нашата интернет страна www.diogentex.mk.
Вообичаено собираме податоци за навигација (види подолу) кои се користат за анализирањето на податоците од посетите на нашата веб- страна како и за одржување на информациска сигурност на нашата веб страна. Повеќе за употребата на колачиња прочитајте ја нашата Политика за користење на колачиња.
Категории на податоци кои се обработуваат
1. Податоци за навигација
При посетата на нашата интернет страна серверот, за секој посетител се креираат логови со следниве податоци:
– Вашата интернет протокол (IP) адреса;
– Уредот од кој пристапувате, вид и модел;
– Вашиот оперативен систем;
– Видот на пребарувачот, plugins и верзија;
– Страните кои ги посетувате на нашата веб-страна и времето кое го минувате на секоја страна;
– URL на страната која ве префрлила на нашата веб-страна и во некои случаи, термините кои сте ги користеле во обидот да ја најдете страната на ДИОГЕНТЕКС;
– Јазикот на пребарувачот кој го користите;
– Држава (се одредува преку IP адресата).
Серверските логови автоматски се бришат во рок од 15 дена, освен доколку околностите налагаат подолго задржување, на пример, за да се истражи вирус или злонамерен напад.
Самостојно ги одржуваме серверите и сите активности на веб страната ги спроведуваме интерно, вклучувајќи ги логовите кои се креираат и анализирањето на податоците кои се пренесуваат од посетите на нашата веб страна.
Како ги собираме личните податоци
Личните податоци ги собираме преку различни канали, вклучувајќи:
– преку Вашето користење на нашата веб страна, вклучувајќи ги овде и формите за аплицирање;
– преку нашиот email: info@diogentex.mk
– преку пошта
Време на чување на собраните податоци
Податоците кои ги собираме се чуваат во согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта на обработката и се утврдени во (прегледот) со рокови на чување на личните податоци на ДИОГЕНТЕКС.
Заштита и сигурност
ДИОГЕНТЕКС ги превзема сите технички и организациски мерки за обезбедување на највисоко ниво на тајност и заштита при обработката на личните податоци со кои располага, заради спечување неовластен пристап, неовластено откривање или евентуална злоупотреба на истите.
Сигурносните процедури на ДИОГЕНТЕКС се предмет на редовни контроли.
Прифаќање на условите
Со користењето на интернет страницата на ДИОГЕНТЕКС, Вие како корисници се согласувате со одредбите од оваа Политика за приватност. Доколку не се согласувате, Ве молиме да не ја користите интернет страницата. Континуираното користење на интернет страницата од Ваша страна следејќи ги измените и дополнувањата на оваа Политика за приватност се смета за Ваше прифаќање на истите.
Кои се Вашите права?
Вашите права во однос на обработката на лични податоци се:
– право да бидете информирани за обработката на личните податоци;
– право на пристап до личните податоци;
– право на исправка и бришење на личните податоци;
– право на ограничување на обработката на личните податоци;
– право на приговор.
За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да не контактирате на следните e-mail:
privacy@diogentex.mk
Право на поднесување на барање до ДИОГЕНТЕКС
Ако сметате дека начинот на кој ДИОГЕНТЕКС ги обработува Вашите лични податоци ги повредува одредбите на Законот за заштита на личните податоци, можете да поднесете барање преку нашата веб страна или на било кој начин преку контакт информации објавени во делот за КОНТАКТ.
Промена на политиката за приватност
Политиката за приватност редовно ќе се менува и дополнува соодветно на настанатите промени и нашите активности.