ОПШТИ УСЛОВИ НА ОНЛАЈН ПРОДАВНИЦАТА
https://diogentex.mk/
Последна промена: 15 Март 2024
СОДРЖИНА
I. ДЕТАЛИ ЗА ПРОДАВАЧОТ
II. ЗА КУПУВАЧИТЕ
III. УПОТРЕБА НА ОПШТИТЕ УСЛОВИ
IV. ПОНУДА. ЦЕНИ. УСЛОВИ ЗА КУПУВАЊЕ. ПЛАКАЊЕ
V. ДОСТАВА НА ПРОДУКТИТЕ
VI. ИНСПЕКЦИЈА НА СТОКАТА ЗА НЕСООДВЕТНОСТ
VII. ОТКАЖУВАЊЕ НА НАРАЧКИ
VIII. НЕПРИМАЊЕ НА СТОКАТА
IX. РИЗИК НА ГУБЕЊЕ, КРАЖБА ИЛИ ОШТЕТУВАЊЕ НА СТОКАТА. ПРЕНОС НА СОПСТВЕНОСТ
X. ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ
XI. РЕГУЛАТОРНИ ТЕЛА
I. ДЕТАЛИ ЗА ПРОДАВАЧОТ
1. Веб страната www.diogentex.mk е управувана од Диоген КО ДООЕЛ, ЕДБ: MK4013011507262, со седиште на ул. Дамјан Груев 2а, 2300 Кочани, Република Северна Македонија. Веб страната ке биде реферирана во Услови како “Ние”, “ДИОГЕНТЕКС”, “Трговец”, “Продавач”, “Саjт”, “Страна”, “Веб страна”.
2. Веб страната www.diogentex.mk нуди високо квалитетен хотелски текстил и постелнини, крпи и бањарки, навлаки за перници, хотелски чаршави, навлаки за јорган, заштитници за душек и перници, јоргани, перници, хотелски папучи, папучи за СПА и базени, материјал за завеси и др.
3. Можете да не контактирате ДИОГЕНТЕКС:
– адреса: Дамјан Груев 2A, 2300 Кочани, Северна Македонија;
– e-mail: info@diogentex.mk;
– телефон: +389 33 297152, +389 70 363349;
– преку контактната форма на Веб страната;
– на контактната адреса и телефонскиот број наведени во секцијата Контакт на Веб страната.
II. ЗА КУПУВАЧИТЕ
1. Онлајн продавницата ги нуди своите производи на трговци и лица кои професионално се ангажирани со хотели, гостински куки, јахти, фризерски салони, базени.
2. ДИОГЕНТЕКС нема да исполнува нарачки на непрофесионални корисници според моменталната легислатива.
3. Секој клиент може да регистрира сметка на Веб страната, со сопствено корисничко име и лозинка. Преку корисничкиот интерфејс може да се следат нарачките, да се промени лозинката и деталите на корисникот и да се промени адресата за достава.
III. УПОТРЕБА НА ОПШТИТЕ УСЛОВИ
1. Овие општи услови ги одредуваат правилата помегу ДИОГЕНТЕКС и клиентите. Општите услови важат кога се порачува од Веб страната, и кога купувачот прави нарачка преку телефон, е-маил, преку средба или социјалните мрежи.
2. Кога ке се пушти нарачка според методите наведени во ДЕЛ III, точка 1, купувачот прави договор за далечинско купување со ДИОГЕНТЕКС, каде важат овие општи услови.
IV. ПОНУДА. ЦЕНИ. УСЛОВИ ЗА КУПУВАЊЕ. ПЛАКАЊЕ
1. Производите што ги нуди DIOGENTEX имаат минимална количина на нарачка. Цената на продуктот и минималната количина за нарачка се експлицитно наведени на страната или во описот на продуктот. Цената на продуктот не е со вклучен ДДВ и е валидна само при исплнет минимум за нарачка. На цената се додаваат 18% ДДВ.
2. Цената на стоките понудени на страницата не ги вклучува трошоците за испорака. Испораката може да биде бесплатна или со доплата и во сите случаи дополнително договорена со Клиентот – според избраниот производ, количина, начин и место на испорака.
3. Стоките означени на страницата Со претходна нарачка не се достапни на залиха и се произведуваат дополнително.
4. Одредени производи задоволуваат европски или светски стандарди. На секој производ е означено во описот кој стандарди ги задоволува.
5. Постои можност одедени производи да се изработуваат според желбите на клиентите. Во тој случај, купувачите се одговорни за штетите настанати кон трети лица како: барања за авторски права, интелектуална сопственост (лого, дизајн, заштитен знак, друго) без списокот да биде исцрпен.
6. Нарачките од сајтот може да бидат платени само преку Банка. Во некој случаеви ДИОГЕНТЕКС може да бара бара делумична или целосна уплата (профактура). Ако се бара плакање однапред ДИОГЕНТЕКС ке ја исполни нарачката одкако ке биде извршена уплатата.
Банкарската сметка на ДИОГЕНТЕКС е:
Број на сметка: 210067151500156
Валута: ДЕН
Банка: НЛБ Банка АД Скопје
Име на фирма: Диоген КО ДООЕЛ
V. ДОСТАВА НА ПРОДУКТИТЕ
1. ДИОГЕНТЕКС ке извршува услуги и доставува производи само на територија на Република Северна Македонија.
2. Терминот за испорака на стоки од страницата ќе биде наведен дополнително и зависи од избраниот производ, количината, начинот и местото на испорака. Терминот за испорака на стоки кои се направени по нарачка на Клиентот, вкл. според димензиите на клиентот, персонализација со лого и други, дополнително ќе се прецизира.
3. Кога не е можно да се испорача нарачката во договорениот термин, продавачот е должен да го контактира купувачот и да каже кога ке биде доставена нарачката.
4. Трошоците за испорака не се вклучени во цената на избраниот производ и дополнително се договараат меѓу страните. Ве молиме прочитајте го делот IV, точка 2.
5. Продавачот се обврзува да ја достави нарачаната и купената стока преку курирска компанија на адреса наведена од Клиентот или на друг начин договорено меѓу страните.
6. Во случај кога продавачот не ги достави нарачаните производи за 30 дена од договорениот термин за достава, купувачот има право бесплатно да ја откаже нарачката без дополнителни пенали, и да го извести продавачот написмено.
7. ДИОГЕНТЕКС не е одговорен за задржување на доставите кога околностите се надвор од контрола како задоцнувања поради куририте за достава, забрана од властте или невообичаени случувања.
8. ДИОГЕНТЕКС има право да го одолжи период на достава или да одбие достава на производи кога нарачката е барана со плакање по банкарски пат и плакањето не е потврдено на сметката на Продавачот.
9. После доставата на нарачката клиентот или ополномоштено лице од страна на клиентот треба задолжително да ја провери според ДЕЛ VI.
VI. ИНСПЕКЦИЈА НА СТОКАТА ЗА НЕСООДВЕТНОСТ
1. Kупувачот или лице кое врши прием на нарачката доставена од ДИОГЕНТЕКС во интерес на купувачот, е должен да ги прегледа доставените производи по доставата, но не подоцна од 72 часа, за:
– очигледни (видливи) оштетувања – раскинувања, бледеења или други оштетувања;
– разлика мегу тоа што беше нарачанато и испорачаното (разлики во нарачките) – погрешна боја, количина, димензија, вид, неправилно извршување (за стоки направени по нарачка на купувачот) или други.
ВНИМАНИЕ! Ако оштетувањата на производите се настанати поради транспортот, купувачот мора да се жали кај транспортниот курир, а не кај продавачот (види ДЕЛ IX).
2. Ако оштетувања се пронајдат, купувачот или трета страна се должни да пријават написмено во документот даден од доставувачот и да го информират продавачот во периодот од Точка 1, за оштетувањето каде објаснуват за какво оштетување станува збор. Пишаната жалба треба да биде испратена на адресата или емаилот нацедени во општите услови. Ако е можно купувачот треба да испрати и фотографски материјал. Во случај кога купувачот не поднесе жалба во периодот од Точка 1, се смета дека ја примил нарачката без очигледни дефекти и остапувања.
3. Во рок од 14 работни дена, ДИОГЕНТЕКС ке одлучи дали ке ја прифати жалбата како оправдана или не. Продавачот може да ја отфрли жалбата како неоснована ако е поднесена подоцна од времето дефенирано во Точка 1, или во случај кога ке одлучи дека нема оштетувања, или кога оштетувањата не се причинети од страна на продавачот. Такви причини може да се: погрешно броење, злоупотреба на правата на купувачот, грешка во проценката на купувачот, неправилно складирање, недеоволна грижа при прием на нарачката итн.
4. Во случај на оправдана жалба, продавачот е должен да му ги понуди следните можности според возможностите во тој момент:
– замена на оштетените производи со одговорачки;
– вракање а парите уплатени од купувачот по враќањето на несоодветната стока во складот на Трговецот;
– ваучер за рефундираната сума за користење на Сајтот за продажба и попуст за идни нарачки;
– други можности договрени мегу двете страни.
VII. ОТКАЖУВАЊЕ НА НАРАЧКИ
1. Купувачот може да ја откаже нарачката во рок од 1 работен ден по нарачката, без дополнителлни трошоци, доколку исполнувањето н нарачката нема почнато. Откажувањето треба да биде испратено написмено на адресата или емаилот наведен во општите услови. Доколку откажувањето на нарачката е направено подоцна, ДИОГЕНТЕКС има право да бара надомест на штета од купувачот во износ на настанатата штета, исто како и работата извршена и профитот кој ДИОГЕНТЕКС би го добил од извршувањето на нарачката. Надоместот на штета не може да надмине повеке од 30% од вредноста на нарачката.
2. Купувачот може да ја откаже нарачката во случај на доцнење на доставата под услови наведнени во ДЕЛ V, Точка 6 од овие Општи услови.
3. Во случај кога ДИОГЕНТЕКС ке прифати да се откаже нарачка која веке е доставена, купувачот е должен да ја врати нарачката до складот на ДИОГЕНТЕКС и да ги сноси трошоците на вракањето.
VIII. НЕПРИМАЊЕ НА СТОКАТА
Во случај кога купувачот не е пронајден до крајот на рокот за испорака на адресата наведена од него или кога адресата за достава не е наведена, ДИОГЕНТЕКС ке смета дека е неоправдано одбивање на нарачката и е ослободен од обврската за достава на нарачката, и купувачот го губи правото на достава. ДИОГЕНТЕКС го задржува да прати известување за неизвршена достава на адресата или емаилот наведен од купувачот, и да бара да му бидат исплатени трошоци за достава и вракање на нарачката. Во горенаведените случаеви, купувачот може да ја потврди нарачката иако е изминат рокот на испорака во кој купувачот не беше пронајден на адресата, но ке ги сноси трошоците за достава. Во тој случај новиот рок за достава почнува од моментот на новата потврда на нарачката. Купувачот му должи на ДИОГЕНТЕКС плакање на трошоците за пракање и вракање на нарачката во рок од 7 дена од известувањето, освен кога друг рок е наведен во известувањето. ДИОГЕНТЕКС е ослобден од обврската за достава во случај кога нарачаниот производ повеке не е достапен.
IX. РИЗИК НА ГУБЕЊЕ, КРАЖБА ИЛИ ОШТЕТУВАЊЕ НА СТОКАТА. ПРЕНОС НА СОПСТВЕНОСТ
1. Ризикот за нескано губење, кражба или оштетување на нарачката од Сајтот се пренесува на купувачот од моментот кога нарачката е предадена на превозникот или курирот.
2. Сопствеништето на нарачката е предадено од ДИОГЕНТЕКС до купувачот после доставата до купувачот или трета страна или овластено лице и одкако плакањето е извршено, ако вредноста на нарачката не е платена однапред.
X. ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ
1. Целата содржина на Сајтот, името и логото, заедно со бројките и текстот кој се содржат, описи и слики, цртежи, дијаграми, графички прикази, дизајн, база на податоци, описи, методи, процеси и други објекти на интелектуална сопственост и заштита од фалсификати, содржината на општите услови, се сопственост на ДИОГЕНТЕКС или трета страна со која продавачот има добиена согласност за копирање или има договор за користење на интелектуална сопственост. ДИОГЕНТЕКС го задржува правото на интелектуална сопственост, која е поврзана на било кој начин со Сајтот. Некој продукти кој се на Сајтот имаат свој, специфичен и уникатен дизајн, во сопственост на ДИОГЕНТЕКС или трети страни кој имаат дозвола од ДИОГЕНТЕКС.
2. Посетителите на Сајтот можат да ја користат содржината на Сајтот единствено со цел за нарачка. За користење на содржината на Сајтот за други причини освен наведените во општите услови ке се смета за нарушување на истите, како и за нарушување на интелектуалната сопственост на ДИОГЕНТЕКС или трети страни. Посетителите на Сајтот можат да копираат, споделуваат, пренесуваат или користат содржина од Сајтот само за лични не комерцијални цели и само во случаеви каде тоа не се спротиставува со изјавите во оваа секција на овој документ и на изразената пишана согласност на ДИОГЕНТЕКС или трети страни кој го држат правото на интелектуална сопственост.
3. ДИОГЕНТЕКС ги овластува сопствениците на други сајтови или други лица да споделуват линкови на Сајтот само кога намерите се јасни и нетенденциозни.
4. Забрането е да се копира содржина од Сајтот, како и да се пласира на други сајтови без пишана согласност од ДИОГЕНТЕКС.
XI. РЕГУЛАТОРНИ ТЕЛА
Регулаторни тела кој ја мониторираат работата на ДИОГЕНТЕКС се Агенција за заштита на лични податоци, Комисија за заштита на конкуренцијата и Управата за јавни приходи:
Агенција за заштита на лични податоци
– Веб страна: https://azlp.mk/
– телефон: +389 72 809337
– email: info@privacy.mk
– адреса: Гоце Делчев бр.18 Скопје
Комисија за заштита на конкуренцијата
– Веб страна: https://kzk.gov.mk
– телефон: +389 2 3298666
– email: kzk@kzk.gov.mk
– адреса: Кирил и Методиј бр. 54 (6ти спрат) Скопје
Управа за јавни приходи
– Веб страна: https://ujp.gov.mk;
– телефон: +389 2 3253200
– email: info@ujp.gov.mk
– адреса: Кузман Јосифовски Питу бт.1 Скопје